18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбилната понуда ја задржа цената на нафтата под 45 долари

Обилната понуда ја задржа цената на нафтата под 45 долари

nafta 93939

Цената на нафтата денеска се задржа на светските берзи под 45 долари за барел, под притисок од скокот на резервите во САД и рекордните количини на складирана нафта и деривати ширум светот.

На лондонската берза цената на нафтата порасна за 40 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 44,46 долари, а на американската берза со барелот се тргува по речиси непроменета цена од 42,80 долари. Во четвртокот цената на нафтата потона за три отсто под влијание на силниот скок на американските резерви во минатата недела, за 4,2 милиони барели.

На овој податок денеска се надоврза редовниот месечен извештај на Меѓународната агенција за енергетика (IEA) кое покажа дека во складиштата ширум светот има рекордни три милиони барели сирова нафта и нафтени деривати. На преминот во наредната година енормните резерви би можеле дополнително да се зголемат, предупредуваат од „IEA“.

„Моментно се прогнозира блага зима во Европа и САД. Доколку се обистини оваа прогноза, надојдените резерви ќе го зголемат притисокот на пазарот“, толкуваат во агенцијата.

Пазарот е под притисок на преголемата понуда на сирова нафта. Се проценува дека дневно се произведуваат помеѓу 700 илјади и 2,5 милиони барели нафта повеќе од потребното, што резултираше со падот на цената за речиси две третини од јуни 2014-та година.

Заситеноста е резултат на високото ниво на производство кај големите производители, како што се членките на OPEC, Русија, Сад и Канада.

На страна на побарувачката загрижува неповолното влијание од забавувањето на економскиот раст во Азија, на чело со Кина и Јапонија, иако засега нема траги за таков тренд.

„Расположението е песимистичко. Не гледам што би можело долгорочно да ја поткрепи цената на нафтата“, додава аналитичарот на PVM, Тамаш Варга.

Во меѓувреме, OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка нејзина нафта во четвртокот изнесуваше 40,21 долар, што значи дека падна за 1,32 долари во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП