21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерствата за култура на Македонија и на Бугарија потпишаа програма за соработка

Министерствата за култура на Македонија и на Бугарија потпишаа програма за соработка

kance-bugarija

Програмата за културна соработка меѓу Министерствата за култура на Република Македонија и на Република Бугарија за периодот 2015-2017 година, потпишана е денес во Софија.

Оваа програма за културна соработка е од исклучителна важност, бидејќи таа претставува правна рамка за уште поголемо продлабочување на културните врски помеѓу двете држави, кои негуваат одлични односи во сите области од културата, се вели во соопштението на македонското министерство.

На средбата било истакнато дека двете земји континуирано реализираат бројни активности и проекти од сите сфери, а институционалната соработка помеѓу двете држави е на високо ниво.

Министерката за култура Елизабета Милевска-Канческа својот соговорник го запозна и со стимулативните мерки во повеќе области од културата, меѓу кои и со Конкурсот за странски издавачи, во чии рамки се поддржани преводи на бугарски јазик на повеќе значајни дела од македонската книжевност.

Двајцата соговорници ја подвлекоа важноста на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, каде што во изминатите десет години се реализираа повеќе од 180 проекти преку кои се промовираше македонската култура во оваа земја.

Министерката за култура на средбата го реафирмираше интересот на Република Македонија за поинтензивна промоција на македонските уметници и повидливо присуство на македонската култура во рамките на манифестацијата „Пловдив – европска престолнина на културата за 2019 година“.

Во програмата на Министерството за култура, до крајот на годинава, во бугарската метропола се предвидени повеќе гостувања на македонските институции и уметници, меѓу кои и претставувањето на ликовното творештво на реномираниот македонски уметник Глигор Чемерски, гостувањето на Театарот Комедија кој ќе изведе две претстави во Сатиричниот театар „Алеко Константинов“, промоцијата на македонската книжевност на Меѓународниот саем на книгата, како и многу други проекти и активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП