25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗначително се зголемува буџетот на Државниот универзитет во Тетово

Значително се зголемува буџетот на Државниот универзитет во Тетово

uni budzet tetovo

Буџетот на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) за следната година значително ќе се зголеми односно со буџетот за 2016-та година ДУТ ќе биде втора институција по големината на буџетот во  Македонија, истакна во петокот Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.

„Буџетот на МОН, за 2016-та година, ќе се зголеми за 809 милиони денари (или за 13 милиони и 200 илјади евра). Зголемувањето е во насока за платите, инфраструктурни проекти, опремување  на лаборатории, учебници, спортската академија, академијата за наставници и други основи. Ова зголемување на буџетот на МОН се одразува и во буџетот на ДУТ (кој се обезбедува од МОН), за 2016-та година, каде што ќе се бележи пораст од 1.707.602 евра, во споредба со буџетот за 2015-та година. Изразен во проценти, буџетот на ДУТ, за 2016-та година, ќе се зголеми за 32 % во споредба со буџетот за 2015-та година. ДУТ, во 2016-та година, ќе биде втор универзитет кој ќе управува со буџет веднаш по Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје“, рече Адеми.

Според него, во 2015-та година, ДУТ е рангиран на четвртото место за искористување на буџетот наменет за високото образование, за функционирање и реализирање на научната – образовна дејност (по Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола и Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип).

„Во делот на капиталните инвестиции, инвестициите за ДУТ, за 2016-та година се бележи зголемување од 815.661 евра во споредба со инвестициите во 2015-та година, односно пораст од 100%. Така што ДУТ е единствен јавен универзитет во Република Македонија, каде што може да се бележи зголемување на финансии во буџетската програма наменети за капитални инвестиции“, истакна Адеми.

„Сите наши активности во наредниот период ќе бидaт во функција на обезбедување на квалитет и институционално унапредување на Албанците“, нагласи Адеми, најавувајќи основање на два факултети во рамките на овој универзитет.

„ДУТ има клучна улога во едукација на новите кадри во различни области. Следејќи ги потребите на пазарот, потребите на студентите и потребите на академскиот кадар во целина, Министерството за образование и наука во соработка со раководството на универзитетот донесоа одлука да се формираат два нови факултети и тоа: Педагошки факултет и Земјоделски факултет.  Овие два факултети за прв пат ќе се отворат тука и ќе играат важна улога во образованието на албански јазик. Оваа одлука произлезе од деталната анализа и од потребата на нови стручни кадри во овие области“, рече Адеми.

Адеми денеска присуствуваше на свеченото отворање на научната конференција „Универзализмот, глобализацијата и правната држава“, која се одржа на Државниот универзитет во Тетово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП