22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Финска и се предвидува грчко сценарио

На Финска и се предвидува грчко сценарио

finska strajkovi 33

Финска беше еден од најголемите европски критичари на Грција за време на должничката криза, како и ја прекоруваше дека не ги спровела реформите кои ќе ја заживеат економијата.

Сега северната држава се мачи да направи прецизен преглед на сопствените финансии, барајќи начин да се извлече од тригодишната рецесија, така што го натера нејзиниот министер за финансии да ја нарече својата земја „болниот на Европа“, пишува „Ројтерс“.

Напорите на новиот премиер Јуха Сипиле за намалување на одморите и платите беа пречекувани со огромни штрајкови и протести, а големата здравствена реформа откри идеолошки разлики во неговата коалициска влада, поради кои таа едвај не се распадна минатата недела.

Еден од најискусните пратеници на Сипиле дури повикува за парламентарни дебати за тоа дали Финска да ја напушти еврозоната, што да и овозможи да ја девалвира својата валута, за да се стимулира извозот.

Тешка задача за намалување на трошоците во земјите од еврозоната го стави Сипиле во исклучително сложена ситуација. Тој мора да спроведе сериозни реформи, за да се зајакне конкурентноста и да се поттикне растот, а во исто време ги смири синдикатите, за да избегне уште штрајкови и скапи трансакции за плати во следната година, како и да ја задржи коалиција составена од три партии.

Невработеноста и државниот долг се зголемуваат во земјата погодена од високата цена на трудот, падот на водечката компанија „Nokia“ и рецесијата во Русија, кој е еден од најголемите нејзините извозни пазари. А со оглед на зголемениот број на постаро население, економистите даваат мрачни предвидувања за Финска, која го загуби високиот кредитен рејтинг и ја преживува најдолгата економска криза од Втората светска војна.

Сипиле кој предупредува дека Финска може да биде следната Грција, инсистира да се заштедат 10 милијарди евра годишно до 2030-та година, вклучувајќи и 4 милијарди евра до 2019-та година.

За да се постигне ова, владата, која е на власт веќе пет месеци, планира да направи внимателен преглед на здравството, локалната власт и работните пазари, за да се зголеми вработеноста и конкурентноста на извозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП