17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи остро паднаа, доларот стабилно јак

Азиските берзи остро паднаа, доларот стабилно јак

aziski-berzi

На азиските берзи цените на акциите остро паднаа, бидејќи цените на сировините се лизнаа на најниските нивоа во повеќе година и бидејќи американската централна банка го најавува првото зголемувањето на каматите по речиси десет години.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување во петокот беше во минус од 0,5 отсто, додека цените на акциите во Сингапур, Јужна Кореја, Шангај, Австралија и Хонгконг паднаа меѓу 0,1 и 2 отсто. Поради тоа, индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските, беше минус од 1,2 отсто, па од почетокот на седмицава се во загуба од речиси 3 отсто.

Под најголем притисок се рударскиот и нафтениот сектор, поради падот на цените на сировините. Поради слабеењето на побарувачката, цената на бакарот, која се смета за показател на кондицијата на светската економија имајќи ја широката употреба на oваа руда во индустријата, се лизна на 4.800 долари по тон, што е најниската цена во последните шест години.

Цените на нафтата на лондонскиот пазар, пај, во четвртокот потона за повеќе од 3,5 отсто, на 44,05 долари за барел, во близина на најниската граница во повеќе од шест години. А бидејќи и натаму растат резервите особено во САД, што укажува на сабата побарувачка во однос на и натаму преголемата понуда, од почетокот на седмицава цените на нафтата паднаа за околу 7 отсто.

Лошо на азиските инвеститори влијаеше и четврточниот пад на цените на акциите на Волстрит за повеќе од 1,4 отсто, што е нивни најголем минус по повеќе од еден месец. Пазарите се притисната и од повторените најави дека американската централна банка во декември, првпат од 2006 година, ќе ги зголеми клучните камати.

Најголемата светска економија (американската) стабилно јакне, пазарот на трудот а инфлацијата постепено расте, па е многу извесно дека централната банка следниот месец ќе ја зголеми цената на парите од рекордно ниските нивоа. Поради тоа на валутните пазари курсот на американскиот долар се движи во близина на највисоките нивоа во последните месеци.

Во петокот претпладнето, индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни валути на земјите најголеми трговски партнери во САД, се движи околу 98,68 поени, недалеку од највисокото ниво во последните седум месеци од 99,50 поени, коешто го достигна во вторникот.

Притоа, во однос на јапонската валута курсот на доларот се лизна на 122,70 јени, додека во четвртокот во истиот период од денот изнесувал 122,95 јени. Курсот на еврото во односот на американската валута, пак, се движи околу 1,0770 долари, откако вчера се лизна на 1.0691, недалеку од најниското ниво во речиси седум месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП