28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобарувачката за злато во пораст поради ниските цени

Побарувачката за злато во пораст поради ниските цени

zlato

Глобалната побарувачка за злато порасна во третиот квартал во најголем дел благодарение на скокот на купувањето на овој скапоцен метал во САД, во време кога инвеститорите го користат падот на цените, соопшти вчера Светскиот совет за злато (WGC).

Вкупната побарувачка за злато во три месеци заклучно со септември изнесувала 1,121 тони, осум проценти повеќе во однос на истиот период во 2014 година, наведува WGC, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Кина и Индија и понатака се доминантни на глобалниот пазар за злато и од тие две земји дошле близу 45 проценти од вкупната побарувачка, но она што е карактеристично за извештајниот квартал е што ширум светот е забележана реакцијата на купувачите на падот на цените“, изјави претседателот на секоторт на WGC за развој на пазарите Алистар Хјуит.

Според него, најдраматичен скок на побарувачка за златни плочки и златни монети е забележана во САД, каде побарувачката била највисока во последните пет години и изнесувала 33 тони. Побарувачката за накит исто така пораснала и тоа за шест проценти, во кварталот кој традиционално се карактеризира со низок интерес, додава Хјуит.

Цената на златото во јули паднала на најниското ниво во последните пет години од 1.072,35 долари за унца. По растот од претходните недели, цената вчера повторно падна на ниво приближно на она од јули од 1.074,08 долари. WGC напоменува дека голем дел од побарувачката за злато и понатака доаѓа од централните банки ширум светот, бидејќи златото се смета за сигурна инвестиција во време на економски тешкотии.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП