27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРевија на германски и полски филмови на Festival on Wheels 2015 во...

Ревија на германски и полски филмови на Festival on Wheels 2015 во Прилеп

fest prilep

Во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, во петок и во сабота, со „Недела на германски и полски филмови”, завршува годинешното издание на фестивалот на европски филмови во градовите низ Македонија „Festival on wheels 2015”.

Љубители на филмската уметност во Прилеп ќе имаат можност да се забавуваат и да уживаат во изборот на квалитетни филмски остварувања од најновата германска и полска продукција, на проекцииите кои ќе се одржат во киносалата во Домот на култура „Марко Цепенков“.

Во петок ќе се одржи филмска работилница „Преку кастинг до улога во филм“, со фотографот Коста Дупчинов, а проекциите ќе започнат од 18 часот, со германскиот филм „Die Wand“, а од 20 часот ќе се прикажува полскиот трилер „Closed Circuit“.

Во сабота, во рамките на детското матине, од 12 часот најмладите ќе имаат можност да го погледнат детскиот анимиран филм „Храброто автомобилче Плоди“, синхронизиран на македонски јазик, додека проекциите во вечерните часови продолжуваат со германскиот филм „Lose Your Head“ со почеток од 18 часот, а од 20 публиката во Прилеп ќе има можност да го погледне добитникот на Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје, полскиот филм „Ida“, за кој филм кинематограферот Ришард Ленчевски ја доби наградадата за животно дело на овогодинешниот Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Фестивалот e во организација на Катавеј од Скопје, со поддршка од  Агенцијата за филм и во соработка со Домот на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП