17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит остро падна, под притисок цените на сировините

Волстрит остро падна, под притисок цените на сировините

berza zvonce

На Волстрит во четвртокот берзанските индекси го забележаа најголемиот дневен пад во повеќе од еден месец, поради падот на сировините и продолжените најави дека американската централна банка ќе ги зголеми каматите во декември.

Индексот Dow Jones потона за 1,44 отсто, на 17.448 поени, индексот S&P 500 се лизна за 1,40 проценти, на 2.045 поени, додека Nasdaq индексот падна за 1,22 отсто, на 5.005 индексни поени.

Најголемиот дневен пад на S&P 500 од крајот на септември, е последица на падот на цените на акциите во сите десет сектори од овој индекс. Притоа, најмногу, за 2,4 отсто, паднаа цените на акциите на енергетските компании, поради остриот пад на цените на нафтата, кои се под притисок на високиот курс на американскиот долар, продолженото слабеење на побарувачката и преголемото производство. Следи рударскиот сектор, со просечен пад на цените од 2 отсто, бидејќи паднаа цените на сировините поради натамошните сигнали за забавувањето на растот на кинеската економија, најголемиот светски потрошувач на сировини.

Пазарите се под притисок и поради сé појасните најави дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) веќе во декември, првпат од 2006 година, ќе ги зголеми клучните камати. Во четвртокот челникот на филијалата на банката во Њујорк, Вилијам Дадли, изјави дека е многу можно дека условите коишто Fed ги постави за почеток на нормализацијата на монетарната политика, наскоро ќе бидат задоволени.

Најголемата светска економија стабилно јакне, пазарот на трудот закрепнува, а инфлацијата полека расте, па е сé поизвесно дека Fed следниот месец ќе ја зголеми цената на парите, од рекордно ниските нивоа. А тоа значи дека, откако Fed лани ги укина програмите за печатење свежи пари, пазарот на капиталот наскоро ќе загуби уште една алатка која со години го поддржуваше растот на цените на акциите.

„Последиците од зголемувањето на каматите на Fed и слабеењето на кинеската економија, се двете нешта коишто ги преокупираат вложувачите. И поради тоа зајакна притисокот врз продажбата“, вели во анкетата на Reuters Мајкл Матусек од компанијата во „US Global Investors“.

Индексите Dow Jones и S&P 500 паднаа во четвртокот под 200-дневниот придвижувачки просек, што според некои аналитичари го најавува натамошниот пад на цените на акциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП