20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУправниот одбор на Кипарската народна банка поднесе оставка

Управниот одбор на Кипарската народна банка поднесе оставка

laiki-bank

Сите членови на Управниот одбор на „Кипарската народна банка“ (Лаики) денеска поднесоа оставка, соопшти прес-службата на банката.

Оставка поднесоа деветмината членови на втората по големина банка на островот, вклучително и нејзиниот претседател Андреас Филипу. Оставка поднел и Такис Фидиас, првиот извршен директор на Лаики банката, на која и претстои ликвидација.

Вчера кипарската Централна банка го разреши извршниот директор на најголемата банка на островот, „Банката на Кипар“, Јанис Кипри.

Според кипарските медиуми, разрешувањето било на барање од „тројката“ меѓународни кредитори. Во вторникот, претседателот на Управниот одбор на „Банката на Кипар“, Андреас Артемис исто така поднесе оставка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП