21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави растот на германската економија

Забави растот на германската економија

deutscher-bundestag

Германската економија го забави растот во третиот квартал од годината, во голема мера како последица на грчката криза и забавувањето на пазарите во развој и Кина.

За трите месеци до крајот на септември, најголемата европска економија бележи раст од 0,3% на квартална основа, откако се зголеми за 0,4% во претходниот квартал, посочија објавените официјални владини податоци. Резултатот одговори на просечните очекувања на аналитичарите.

На годишна основа германската економија се зголеми за 1,7%, посочија уште податоците.

Обидите на Кина да премине од раст базиран на инвестиции, кон таков ориентиран кон потрошувачката, се одразиле во голема мера на германската економија.

„Индикаторите за идниот развој на германската економија се уште водат до потенцијално добар развој во иднина. Тоа се поврзува со добрата презентација на пазарот на труд и растот на платите во услови на се уште ниска инфлација“, смета Анатоли Аненков, економист во „Societe Generale SA“, цитиран од „Bloomberg“.

Претходно објавените податоци посочија дека и втората најголема европска економија – француската, исто достигна раст од 0,3% во третиот квартал, како и тука резултатот одговори на просечните очекувања на аналитичарите.

Еврото врати дел од загубениот однос на доларот, откако рано наутро се тргува на ниво од 1.0775 долари за евро. Раст регистрираа и водечките европски индекси по нивното сериозна намалување од вчера. Германскиот DAX се зголеми за речиси половина процент, откако вчера загуби околу два проценти од својата вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП