19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија се уште паѓа, нема закрепнувањето на повидок

Русија се уште паѓа, нема закрепнувањето на повидок

rusija-pad-ekonomija-ruskata

БДП на Русија во третиот квартал се намали за 4,1 проценти во однос на истиот период минатата година, покажаа прелиминарните податоци на руската агенција за статистика Росстат.

Падот на БДП е понизок од оној во вториот квартал кога беше 4,6 проценти на годишно ниво, но и од проценката на Министерството за економски развој.

Претходно заменик министерот за економски развој Алексеј Вједев процени дека економскиот пад во третиот квартал ќе изнесува 4,3 проценти, а за цела година 4,2 проценти на годишно ниво, потсети Тас.

И според прогнозата на Банката на Русија, падот на БДП во 2015 година ќе изнесува 4,2 проценти.

Во документот на Централната банка се наведува дека руската економија покажува стабилни знаци на стабилизација, кои, сепак, сеуште немаат постојан карактер. Таа за третото тромесечје проценува пад на БДП од пет проценти на годишно ниво, а за четвртото тромесечје четири проценти, што одговара на септемвриската проценка на Централната банка.

Според официјалната прогноза на Министерството за економски развој, падот на БДП во 2015 година може да биде 3,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП