17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo забележа загуба во вториот квартал

Lenovo забележа загуба во вториот квартал

A man walks past a Lenovo shop in a computer mall in Beijing on November 3, 2011. The founder of Chinese computer giant Lenovo Group Liu Chuanzhi has stepped down as chairman, the company said as it reported a nearly 88 percent year-on-year surge in third-quarter net profit. AFP PHOTO/Peter PARKS (Photo credit should read PETER PARKS/AFP/Getty Images)

Најголемиот производител на персонални компјутери во светот – „Lenovo“, забележа загуба во своето второ фискално тримесечје.

Во периодот меѓу јули и септември „Lenovo Group Ltd.“ има нето загуба од 714 милиони долари, откако пред една година кинескиот производител на електроника забележа профит од 262 милиони долари. Сепак аналитичарите очекуваа загубата да е во износ од 803 милиони долари.

За „Lenovo“ ова е прва квартална загуба по повеќе од шест години, но не е особено изненадувачки, откако поради двете превземања, „Lenovo“ мораше да направи отписи на околу 900 милиони долари. Приходите забележаа раст од 16 отсто до 12,2 милијарди долари.

Кратењата на работни места и поместувањето од агресивната конкуренција во Кина ќе и помогнат на компанијата да направи поделба со одделението на смартфони, кое е профитабилно во определениот временски период, изјави претседателот и извршен директор Јанг Џуангин.

„Ние значително го зголемивме бизнисот со смартфони во остатокот на земјите во развој, затоа што ова е нашата стратегија“, појасни Јанг во конференциски повик, цитиран од „Bloomberg“. „Ние знаеме дека кинеската конкуренција е премногу силна, затоа го префрливме нашиот фокус“.

Акциите на „Lenovo“ пораснаа за 5,9 отсто во Хонгконг, кој е најсилниот раст за месец. Компанијата сепак загуби една четвртина од пазарната капитализација од почетокот на годината.

„Lenovo“ вети дека ќе го направи бизнисот со смартфони профитабилен во следните една до две четвртини, или поинаку кажано – шест квартали по стекнувањето на брендот „Motorola“, потсети Јанг. Компанијата ќе е агресивна во обид да го зголеми пазарниот удел во поразвиените пазари, како САД и Европа.

Глобалната продажба на персонални компјутери се намали за 7,7% до 73,7 милиони единици во третиот квартал, откако силниот долар ги направи уредите поскапи, соопштуваат од компанијата за истражување „Gartner“. Истовремено „International Data Corp“ (IDC) тврди дека продажбата падна повеќе, за 10,8% до 71 милиони примероци.

Петте топ брендови на пазарот, според „Gartner“, се „Lenovo“, „HP“, „Dell“, „Apple“ и „Acer“. Податоците покажуваат дека „Dell“ и „Apple“ се единствените производители во топ 5, кои се радуваат на раст на продажбата на персонални компјутери. „Acer“ и „Asus“ имаат релативно слаби резултати, кај кои падот достигнува двоцифрена бројка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП