Индустриското производство во еврозоната се намали за повеќе од очекувањата во септември, посочија официјалните податоци на „Еуростат“. Тоа се очекува да покаже понатамошен притисок врз „ЕЦБ“ во насока на нови иницијативи.
Во деветтиот месец на годината индустриското производство во земјите каде еврото е официјална валута, се намалило за 0,3%. Ова се покажа над просечните очекувања на аналитичарите за намалување од 0,1%. Податоците за август, исто така беа ревидирани во надолна линија и пад за месецот од 0,4% во однос на првичните прогнози за намалување од 0,3%.
Најголемо намалување забележа индустриското производство во Ирска, каде е намалено за 2.4%, следуваат Литванија со 2,3% и Грција со 1,9%. Со најмногу се зголемил показателот во Хрватска – 5,9%.
Во своето обраќање пред Европскиот парламент шефот на „ЕЦБ“, Марио Драги изјави дека може да се потребни нови иницијативи во поддршка на растот на еврозоната. Зборовите на Драги беа поддржани од негативните податоци за индустриското производство и покажаа негативен ефект врз еврото.