17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопладне прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Попладне прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

soobrakaj--e-rjccm

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Дел од автопатот А1 (делницата од Мотел Македонија до Градско) ќе биде затворена за сообраќај од 05:00 до 18:00 часот, поради снимањето на филмот “A Fond”. Сообраќајот ќе се одвива по стариот пат.

Исто така во периодот од 13 до 15 часот, прекин на во сообраќајот помеѓу 15 и 20 минути поради минирање ќе има на патот А2, Кичево-Охрид, на делот помеѓу Пресека – с.Врбјани.

Од ЕВН најавуваат дека во петок во време од 08:20 до 15:30 часот ќе има кратки вонредни прекини во тунелот Катланово во времетраење од по 30 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП