
Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, се одбележува денес со повеќе манифестации.


Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, се одбележува денес со повеќе манифестации.
По тој повод, вечер во фоајето на Македонската опера и балет, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на добитниците ќе им ја врачи наградата „13-ти Ноември“ на Град Скопје за 2015.
Во рамки на свеченоста по повод Денот на ослободувањето на Скопје, во фоајето на МОБ, ќе биде отворена и изложба на ликовните дела, што беа насликани на Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2015“.
Веднаш по доделувањето на наградите, во Салонот на МОБ, во чест на добитниците и по повод празникот на Скопје, ќе се одржи концерт на првенците на Македонската опера и балет.