3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗОО Скопје со богата програма во номеври и декември

ЗОО Скопје со богата програма во номеври и декември

zoo 330

ЗОО Скопје и долгогодишните соработници ја збогатуваат едукативно-рекреативно забавната содржина и активности во престојниот период, кои ќе се одржуваат во Едукативниот центар 2.

Дел од нив се Поточиња, добро познати на децата и родителите, кои музички го збогатуваа амбиентот на ЗОО фестивалот кој во серијал од 16 епизоди се одржуваше во зоолошката. Дружењето со нив посетителите ќе може да го планираат во период од 13.30 часот до 14.30  почнувајќи оваа недела, 15-ти ноември, потоа 22–ри ноември, 29-ти ноември и 6-ти декември.

Во периодот од 11-13 часот посетителите ќе можат да ги проследат предавањата кои ќе ги држат стручни лица од Здружението за класична хомеопатија – Деница и тоа: првото оваа недела 15-ти ноември Општо за хомеопатија, а во некои од наредните викенди продолжуваат со Хомеопатија при грип и настинки, Прва помош со хомеопатија и Хомеопатија при терапија на животни.

ЗОО Скопје со Креативен центар Ѕвезда, КАТ Продукција Скопје, пред се на помладите посетители им нуди интерактивно да се вклучат во отворените часови на Драмското и Арт студио oд 11 до 13 часот во Едукативниот центар 2 на 28-ми ноември/сабота и 29-ти ноември/недела.

Следниот викенд во сабота (12-ти декември) во 14.30 премиерно ќе биде прикажана интересна и интерактивна детска  претставата „ЗОО Автобус“.

Потоа во недела (13-ти декември) во 11 часот следи Работилница за дизајн и изработка на облека за миленичиња.

Овогодишното дружење на децата и ЗОО Скопје и  КЦ „Ѕвезда“ ќе заврши  со новогодишната претстава „Мачорот во чизми“, во 12 часот во сабота 26-ти декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП