8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо септември зголемен бројот на туристи во Македонија

Во септември зголемен бројот на туристи во Македонија

str

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2015 година изнесува 79 218, а бројот на ноќевањата изнесува 184 262.

Бројот на туристите во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 20.0%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 17.7%.

Бројот на домашните туристи во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 11.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 22.9%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 3.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 24.3%.

Во периодот јануари- септември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.6%, а кај странските има зголемување за 15.4%.

Во периодот јануари-септември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.2%, а кај странските има зголемување за 13.4%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП