ЕКОНОМИЈА

Избран нов Претседател на Одборот на директори на АмЧам Македонија

acham 333

Славко Пројкоски, Главен финансов менаџер на Македонски Телеком АД – Скопје е новиот Претседател на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија).

Господинот Пројкоски е член на Одборот на директори од септември 2014-та година и претходно ја вршеше функцијата на Секретар/Благајник.

Тој доаѓа на местото на Мирослав Марчев, Директор за даноци и правни услуги во „ПрајсвотерхаусКуперс Скопје“, кој беше на оваа позиција од септември 2014-та година.

На состанокот покрај г. Пројкоски беа избрани и:

– Емре Козлу, Генерален директор, Филип Морис –ТКП Скопје за прв Потпретседател; и

– Борка Петровска, Менаџер на администрација, Фени индустри за втор Потпретседател;

Мандатот на Претседателот на Одборот на директори и на останатите новоизбрани членови е една година со право на повторен избор.

Американската стопанска комора во Македонија ги застапува интересите на преку 100 најуспешни македонски и интернационални компании. Нивната мисија е да бидат гласноговорници на меѓународните бизниси во Македонија, промовирајќи ја глобалната конкурентност на нашата економија преку разни активности и настани, како и преку споделување на најдобрите практики.