10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕве што ќе остави подобар прв впечаток кај работодавецот

Еве што ќе остави подобар прв впечаток кај работодавецот

stisok-raka

Работодавците не кријат дека стисокот на раката е еден од тестовите со кои, при интервјуто, го утврдуваат квалитетот на потенцијалниот работник.

Многубројни студии потврдија колку првиот впечаток е важен во работењето, но и во приватната комуникација. За жал, со него можете да расипете многу работи, а меѓу главните виновници е стисокот на раката.

Работодавците не кријат дека стисокот на раката е еден од тестовите со кои, при интервјуто, се утврдува квалитетот на потенцијалниот работник. Слабото ракување се изедначува со оние со исто така слаб карактер, па е логично таквата личност да не ја сакаат во својот тим. Ни другата крајност не е добра, бидејќи ако некого го стегнете толку силно, тоа лице ќе стекне впечаток за искажување на претерана сила со која надоместувате некој ваш недостаток.

Значи, стисокот треба да биде со умерена јачина, а негови најдобри следбеници се самоуверената насмевка и контактот со очите. Со тоа на лицето пред вас ќе му дадете до знаење дека сте самоуверени, сигурни во себе и вредни за почит. За да го совладате совршениот стисок со рака, вежбајте. Замолете ги блиските лица да ви кажат дали вашиот стисок е премногу силен или слаб, со цел да можете да го поправите. И следниот пат, кога ќе тргнете на интервју или деловен состанок, вдишете длабоко, исправете ги рамената, подигнете ја главата, насмејте се самоуверено и пружете ја вашата рака кон лицето полни со самодоверба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП