17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens се надева на двоцифрен раст

Siemens се надева на двоцифрен раст

Siemens

Германскиот електронски гигант „Siemens“ забeлежа во четвртиот квартал од фискалната година, завршена во септември, нето профит од милијарда евра.

Приходите во тој период изнесувале 21,3 милијарди евра.

Се очекуваше, сепак, нето профитот да биде 1,3 милијарди евра, а приходите 21,6 милијарди евра.

„Siemens“ сепак забележа раст на нарачките за шест проценти, на 23,7 милијарди евра, додека аналитичарите очекуваа 21,9 милијарди евра.

Германската компанија се надева на двоцифрен раст на профитот во деловната година која започна во октомври, со оглед на интензивирањето на бизнисот во некои негови главни гранки, пренесува Ројтерс.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП