17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи благо пораснаа, доларот слабее

Азиските берзи благо пораснаа, доларот слабее

berzi

На повеќето азиски берзи цените на акциите во четвртокот благо пораснаа, меѓутоа се тргува претпазливо, бидејќи нема позначајни вести коишто би им дале појасна насока на пазарите.

На токиската берза индексот Nikkei во четвртокот во претпладневното тргување порасна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Хонгконг пораснаа меѓу 0,1 и 1 отсто. Берзанските индекси во Јужна Кореја, Сингапур и Шангај, пак, паднаа меѓу 0,2 и 0,5 проценти. Така, индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските беше во четвртокот претпладне во плус од 0,6 отсто, оддалечувајќи се од најниското ниво во последните четири седмици.

На самиот почеток од денешното тргување, азиско-пацифичките берзи беа притиснати од вчерашниот пад на Волстрит, но подоцна цените на акциите малку се поправија, па на некои од пазарите индексите во моментов се во позитивните области.

Притоа во фокусот на вложувачите е енергетскиот сектор, кој малку закрепна благодарејќи на стабилизацијата на цените на нафтата, откако во средата потонаа за 3 отсто поради зголемените резерви во САД.

На американскиот пазар во четвртокот претпладне цената на барелот сирова нафта зајакна за 0,6 отсто, на 43,20 долари, додека на лондонскиот пазар поскапе за 0,7 отсто, на 46,10 отсто.

Сепак, и денешното тргување на берзите е воздржано, бидејќи инвеститорите се загрижени поради веројатната можност американската централна банка уште во декември да ги зголеми клучните каматни стапки, што ќе го ускрати изворот на евтини пари што со години наназад ги поткрепуваше пазарите. Загрижени се, исто така, и од забавувањето на растот на кинеската економија и анемичните макроекономски показатели во регионот. Така, вложувачите не беа импресионирани ниту од податоците за инвестициите во Јапонија. Јапонските компании имаат многу претпазлив став кон капиталните инвестиции, што поради ситуацијата на глобалните пазар, особено во Кина, што поради сомневањата дека домашната економија силно ќе расте.

А американскиот долар на валутните пазари помалку ги губи добивките од почетокот на седмицата, кога силно скокна поради сé поголемите изгледи дека тамошната централна банка Federal Reserve (Fed) ќе ги зголеми каматите во декември.

Во четвртокот претпладнето индексот на доларот кон шесте светски значајни валути од земјите најголеми трговски партнери на САД се лизна за 0,2 отсто, на 98,77 поени, поместувајќи се дополнително од највисокото ниво во последните седум месеци од 99,50 поени, колку што достигна во вторникот.

Притоа американската валута во однос на јапонската благо порасна на 112,95 јени, додека во средата во истиот период од тргувањето изнесуваше 122, 85 јени. Во однос на европската валута, пак, доларот благо падна па цената на еврото зајакна за 0,2 отсто, на 1.0770 долари, оддалечувајќи се малку од најниското ниво во последните седум месеци од 1.0674 долари, на колку што се симна претходно седмицава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП