18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреку Регионалниот фонд за иновации пристап до 40 млн. евра

Преку Регионалниот фонд за иновации пристап до 40 млн. евра

pe[o

Официјално започнуваат активностите на Регионалниот фонд за иновации кој на бизнис заедница во Македонија и од земјите од регионот на Западен Балкан им овозможува пристап до финансиски средства во износ од 40 милиони евра.

„Владата на Република Македонија го препозна значењето на основањето на Регионалниот фонд за иновации како комплементарно со мерките од програмата на Владата за унапредување на иновациите (Фондот за иновации на РМ), за подобрување на конкурентноста на економијата и за подобрување на деловната клима, и веднаш се приклучи во иницијативата на основање на фондот“, рече Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.

Македонија е прва потписничка на договорот за основање на Регионалниот фонд за иновации меѓу земјите од регионот и една од трите земји каде овој фонд има отворено локални канцеларии (Скопје, Белград и Загреб).

„Веруваме дека со започнувањето на работа на локална канцеларија на Фондот во Скопје, на компаниите од Македонија финансиски средства ќе им бидат многу подостапни и ќе се олеснат административните процедури. Преку овој фонд малите и средните компании ќе имаат можност да добијат директни финансиски средства кои би ги инвестирале во развој на технологии, подигнување на квалитетот на производите и услугите, со што ќе се подобри и нивната конкурентност на локално, регионално и европско ниво“, рече Пешевски.

Регионалниот фонд за иновации ќе партиципира во компаниите со финансиски средства во висина од 25 -49 отсто од сопственоста на компаниите, при што ќе бидат инвестирани од 500 илјади до 2 милиони евра по компанија.

Фондот е резултат на заложбите и активностите на Европската Комисија и Европскиот Инвестиционен Фонд за обезбедување на нови финансиски инструменти за малите и средни компании за поддршка на нивната иновативност и раст.

Фондот, исто така, е дел од пошироката „Платформа за развој на компании и иновации на Западен Балкан“ на Европска комисија со која на компаниите во Република Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и Хрватска на располагање им се ставаат вкупно 140 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП