6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве колку заработуваат директорите во светот

Еве колку заработуваат директорите во светот

confident-businessman-towers-over-city-skyline2

Годишниот бруто надомест за највисоките раководители во најголемите компании во светот изнесува просечно 1,45 милиони евра, што е зголемување од 3,8 проценти во однос на претходната година…

Овој надомест ги опфаќа просечната основна заработка од 711.600 евра и годишниот бонус од 738,400 евра. Основната заработка на највисоките раководители е зголемена во просек за 4,5 проценти, со зголемување на варијабилниот надомест од 2,7 проценти. Ова се клучните наоди на глобалната студија „Еxecutive search“ на компанијата „Pedersen & Partners“, која опфаќа 1,800 највисоки раководители во 340 компании од 18 земји. Податоците за заработката се добиени од најголемите компании во светот со просек од 133.300 вработени, просечен промет од 42,7 милијарди евра и ЕБИТ од 4,1 милијарди еврa.

Раководителите во САД добиваат поголеми зголемувања од раководителите во Западна Европа.

„Стагнацијата на економијата значи дека заработките на највисоките раководители во повеќе земји од Западна Европа ќе расте само умерено, од 3 до 4 проценти годишно, вели Конрад Прамбоек, директор на консултантскиот сектор во компанијата „Pedersen & Partners“ и автор на оваа студија.

„Компаниите од САД се овде голем исклучок, бидејќи заработките на највисоките раководители пораснале во просек за 5,6 проценти во споредба со претходната година. За ова нема објективна причина, бидејќи како профитот на компанијата така и бројот на вработени незначително се зголемил.

Зголемување на заработката со зголемениот обем на одговорности

Обемот на одгoворности е одлучувачки фактор при одредувањето на надоместокот за највисоките раководители. Во сите дејности, заработките на највисоките раководители во големите корпорации се многу поголеми од нивните колеги во помалите компании. Во просек, годишниот надомест за највисоките раководители се зголемува за 650,000 евра на секои 50.000 вработени.

Профитот на компанијата го одредува годишниот бонус

Краткорочниот бонус е важна компонента надоместокот на највисоките раководители, така што целниот бонус е обично еднаков на износот на годишната основна заработка. Бонусите на повеќето највисоки раководители се мери спрема профитот на компанијата, особено според ЕБИТ. Главно, падот на профитот на компанијата води до исплата на значително помали бонуси за највисоките раководители, додека повисоките профити водат до значително повисоки бонуси.

Компаниите од Западна Европа и САД нудат слични пакети за надомест за своите раководители во смисла на основна заработка и краткорочни бонуси. Во просек, вкупниот надомест во готовина за највисоките раководители е меѓу 1,4 и 1,5 милиони евра во повеќе земји во Западна Европа и САД.

Најголема разлика во структурата на надоместокот се однесува на долгорочните стимулации, кои обично се даваат во облик на права за купување на акции. Највисоките раководители во компаниите во САД добиле право за купување на акции во вредност од 470.000 евра, додека највисоките раководители во компаниите во Западна Европа добиле право за купување на акции во вредност од само 109.000 евра.

Гледано гглобално, надместокот на највисоките раководители е најголем во САД и Западна Европа. Во просек, заработките на највисоките раководители во најголемите компании во земјите со економии во развој како што е Кина, Индија и Јужна Африка се значително помали од нивото на Западот, но порастот на нивните заработки е поголем.

Во моментов, заработките на раководители од највисок ранг од западните земји растат во просек за 3-5 проценти, а на пазарите во развој за 7-10 проценти, се вели во анализата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП