На Волстрит во средата берзанските индекси паднаа, бидејќи под притисок се најдоа акциите на нафтените компании и на трговските синџири.
Сите три најважни индекса во средата беа во идентичен минус од 32 отсто. Индексот Dow Jones загуби 55 поени, на 17.702 поени, индексот SA&P 500 се лизна за 6 поени, на 2.075 поени, а Nasdaq индексот падна за 15 поени, на 5.067 индексни поени.
Шест од десетте сектори на S&P 500 индексот во средата загубија на вредноста, а најмногу, за 1,9 отсто, паднаа цените на акциите на енергетските компании, поради падот на цената на нафтата.
Под притисок се најде и трговскиот сектор, бидејќи синџирот „Macy’s“ извести за послаби од очекуваните деловни резултати во третиот годинешен квартал и ги намали прогнозите за целата 2015-та година. Цената на акцијата на „Macy′s“ потона за речиси 14 отсто, а паднаа и цените на повеќето други трговски синџири во САД.
Од друга страна, пак, акцијата на „Amazon“ поскапе за околу 2 отсто, бидејќи онлајн продавниците постојано бележат раст на продажбата.
Аналитичарите велат дека и во средата, како и изминатите денови, се тргуваше без јасни насоки, бидејќи вложувачите се претпазливи поради тоа што во декември е сé поверојатно дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе ги зголеми клучните каматни стапки, првпат по 2006-та година.
„Пазарот се навикнува на фактот дека во декември ќе бидат зголемени каматите. Следните седмици до објавувањето на одлуката на Fed ќе се движат без јасна цел, но можни се зголемени придвижувања на поедини акции3, вели во анкетата на Reuters Доналд Селкин, стратег во компанијата „National Securities“.
Најголемата светска економија стабилно расте, што беше потврдено и минатиот петок и значително подобрите од очекуваните показатели до пазарот на трудот во САД, па речиси е сигурно дека Fed ќе ги зголеми каматите. Тоа ќе значи зголемување на цената на парите од рекордно ниските нивоа, и откако лани го укина програмите на печатење свежи пари, пазарот на капиталот наскоро би можел да загуби уште една алатка кој со години наназад го одржуваше растот на цените на акциите.
Оттаму, инвеститорите се претпазливи, на што укажува и обемот на тргување во средата. На американските берзи сопствениците вчера ги заменија 6,2 милијарди акции, додека дневниот просечен обем во последни е 20 дена изнесуваше 7,1 милијарди акции.