3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонските железници со јапонско искуство ќе ја развиваат инфраструктурата

Македонските железници со јапонско искуство ќе ја развиваат инфраструктурата

zeleznici

Јапонската компанија „East Japan Railway Company“ во кус временски период на Македонски железници (МЖ) ќе им даде силна и конкретна поддршка за развојот и модернизирање на железничката инфраструктура во Македонија, изјави во четвртокот генералниот директор на МЖ, Ирфан Асани кој ја предводеше делегацијата на јавното претпријатие во неколкудневната посета на Јапонија

Генералниот директор на Јавното претпријатие Македонски железници – инфраструктура, Ирфан Асани, со своите соработници и придржуван од македонската амбасадорка во Јапонија, Андријана Цветковиќ, првпат во историјата на македонските железници ја посетија јапонската железничка компанија „East Japan Railway Company“.

Според прикажаните резултати во 2014 година, „East Japan Railway Company“ поседува 7.452 километри пруга и 1.665 железнички станици, мрежа низ којашто дневно се превезуваат 17 милиони патници.

Македонската делегација беше пречекана од почесниот конзул на Република Македонија во Токио, Масатаке Мацуда, кој долги години беше на чело на јапонските железници.

Директорот Асани на средбата со директорите за меѓународни односи и финансии Јуџи Фукушава и Тору Ракахаши, разменил идеи и искуства, коишто се воедно и основа според којашто и ќе се официјализира соработката меѓу двете компании.

Асани, како што истакна по разговорите, од Фукошава и Такахаши добил ветување според која јапонската компанија „East Japan Railway Company“ во кус временски период на Македонски железници ќе им даде силна и конкретна поддршка за развојот и модернизирање на железничката инфраструктура во Македонија.

Делегацијата на македонските железници го посети и центарот за организација на железничкиот систем, и тоа за сообраќај, електрокомуникации, одржување и менаџирање со итните случаи, процес кој е ставен во агендата за обуките кои ќе следуваат.

Во продолжение на посетата директорот Асани ја посетил и главната железничка станица во Токио каде разговараше со Такаши Етох, шеф на оваа станица која воедно е најголема во Јапонија низ која дневно се транспортираат повеќе од 8 милиони патници.

Соговорниците разменија мислења и околу реконструкција на железничката станица во Скопје, при што од претставниците на јапонската компанија беше кажано дека реконструкцијата на станицата во Скопје ќе овозможи давање современи услуги во насока на зголемување на бројот на патници кои ќе го користат железничкиот сообраќај.

Посетата на македонските претставници продолжи со презентација на методите за обука на вработените во железничката компанија „East Japan Railway Company“. Асани на своите домаќини им презентираше план за обука на вработените во Македонските железници во неколку области и тоа во сигурноста на железничкиот сообраќај, подигнување на системи за сигнализација како и системи за контролирање на ситуацијата по должина на целата пруга.

Двете страни се согласија планот за обука да почне во најкраток можен рок со кој се предвидува една група вработени во македонските железници да оди на обука во оваа јапонска железничка компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП