8 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректорката на ММФ пресмета: Бегалците се добри за економијата

Директорката на ММФ пресмета: Бегалците се добри за економијата

lagard-presmeta

Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард ги повика богатите земји да „направат повеќе“ за прашањето за бегалците, оценувајќи дека бегалците би можеле поволно да влијаат на економскиот раст.

„Многу земји се согласија да примат голем број на бегалци и направија се за да им обезбедат храна и сместување. Меѓутоа, некои развиени земји треба да направат повеќе за тоа прашање“, изјави Лагард не наведувајќи за кои земји станува збор.

Генералната директорка на ММФ повика на зајакнување на капацитетите на пазарот на труд, дополнителна работна обука за бегалците, како и олеснување на процедурата за признавање на нивните професионални квалификации стекнати во странство.

Според нејзините зборови, бранот бегалци во Европа би можел да го намали „стареењето на населението“, со што би се намалил притисокот на трошоците на Системот за пензиски и здравствен фонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП