4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУспеа третото најголемо превземање во корпоративната историја

Успеа третото најголемо превземање во корпоративната историја

AB–SABMiller-Merger-Featured-Image

Најголемиот производител на пиво во светот, „Anheuser-Busch InBev“ вчера официјално склучи договор вреден 121 милијарда долари за превземање на најголемиот конкурент „SABMiller“.

„Раководствата на „Anheuser-Busch InBev“ и „SABMiller“ со задоволство објавуваат дека постигнале договор за условите за предложената аквизиција“, се истакнува во соопштението од компаниите.

Оваа трансакција под заедничка „капа“ ќе ги соедини водечките пивски брендови на „InBev“ – „Beck’s“, „Budweiser“ и „Stella Artois“ и на „SABMiller“ – „Foster“, „Grolsch“ и „Peroni“. Двете компании начелно ја договорија трансакција веќе минатиот месец.

Трансакцијата е означена како третата според вредноста во корпоративната историја, како и најголемата во историјата на британските компании, покажуваат податоците на компанијата за финансиски информации „Dealogic“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП