10 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМарио Драги: Земјите со единствена валута имаат потреба од уште поблиска интеграција

Марио Драги: Земјите со единствена валута имаат потреба од уште поблиска интеграција

0905_mario_draghi_630x420

Претседателот на Европската Централна Банка, Марио Драги уште еднаш повика на уште поблиска интеграција во европскиот банкарски сектор. Драги инсистира да бидат завршени банкарската унија, механизмот за надзор и единствената програма за обезбедување на депозитите, соопшти „MarketWatch“.

„Со единствената валута придобивките за заедничкиот пазар се огромни. Но и цената за фрагментацијата на овој пазар расте“, рече претседателот на „ЕЦБ“ во Лондон.

„Единствената валута ги зголемува придобивките од единствениот пазар, но и степенот на заедничка ранливост на земјите членки“, истакна Драги.

„Националните влади не можат целосно да ги заштитат своите граѓани од финансиска нестабилност, без да споделат дел од суверенитетот во одлучувањето. Земјите кои го делат единствениот пазар и единствената валута, имаат потреба од уште поблиска интеграција на институциите“, смета претседателот на „ЕЦБ“.

„Денес, тоа значи дека приоритет е завршување на банкарската унија: целосно подготвен единствен механизам за ликвидација на банкротираните банки (SRM) и единствена шема за гаранција на депозити“, дополнува Драги.

„MarketWatch“ потсетува дека „ЕЦБ“ ја презеде надзорната функција пред една година. Во 2016-та година претстои да проработи на единствениот механизам за ликвидација на банките кои банкротираа, но шемата за гарантирање на депозитите изгледа нема да се реализира наскоро, коментира весникот.

Дел од проблемот е дека Германија, најголемата економија во еврозоната, е критички настроена кон таков систем за гарантирање на депозитите. Властите во Берлин сметаат дека таквиот потег би довел до уште повеќе ризици за банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП