9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПрва самостојна изложба „Pause.“ на Моника Ризовска

Прва самостојна изложба „Pause.“ на Моника Ризовска

monika

Прва самостојна изложба „Pause.“ на младата уметница Моника Ризовска, ќе биде организирана во четврток вечер, со почеток во 20:30 часот во Клуб Ресторан МКЦ.

На изложбата, што е во рамки на настанот „Ќе дојдеш ли на Рандеву?“, ќе бидат претставени 16 големи слики со техника масло на платно и акрил, како и 10 помали слики.

„Зборот ‘пауза’ означува повик за простор каде го одмораш умот, а во исто време е и уникатен начин да се акцентира одмор што на секој секогаш добро му доаѓа, дава простор за налив на енергија кој јас гледам да го искористам за креативно творење. Изложбата Pause. означува и момент кој ќе остане и доживотно во мојата меморија (а се надевам и на другите) бидејќи означува втора декада и посветеност на мојата љубов кон уметноста, а воедно и начин да искажам благодарност на мојот покоен дедо, ментор, учител и идол од кого го наследив својот талент и на кого му ја посветувам оваа изложба“, вели Ризовска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП