2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален сообраќај надвор од градските средини

Намален сообраќај надвор од градските средини

soobrakaj-tekovno

Сообраќајот на патните правци низ државата Македонија се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ им препорачува внимателно возење, да ја прилагодат брзината согласно условите кои владеат на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП