18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФолксваген им даде рок на ‘свиркачите’ до крајот на ноември

Фолксваген им даде рок на ‘свиркачите’ до крајот на ноември

folksvagen-afp_ff

Фолксваген го одреди крајот на ноември како рок за својата програма на ‘свиркачи’, замислена да го охрабри персоналот да им открие на истражните органи што знае околу измамите со тестовите со издувните гасови во дизел моторите на нивните автомобили, објави во среда Sueddeutsche Zeitung.

Во текстот се тврди дека Фолксваген сака да го зајакне притисокот врз вработените кои знаеле за скандалот, но заради страв дека ќе ја загубат работата, не се осмелиле да кажат.

Фолксваген објави дека ја ангажирал консултантската куќа Deloitte и американската адвокатска канцеларија Jones Day да ја спроведат истрагата и да ги утврдат околностите под кои во нивните возила се вградувал софтвер што ги менувал поставките на моторот за да се намали издувот на штетни гасови секогаш кога возилото минувало на технички преглед.

Флксваген им ветува на вработените дека ќе го задржат своето работно место и ќе бидат изземени од барањето за надомест на штетата доколку откријат нови информации за скандалот, но програмата не се однесува на членовите на управата и оние што се веднаш под нив во управувачките структури, наведува Sueddeutsche Zeitung.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП