26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтервенција на 110 kV далекуводи на потегот Ресен-Охрид-Струга, со можни прекини на...

Интервенција на 110 kV далекуводи на потегот Ресен-Охрид-Струга, со можни прекини на струјата

struja dalekuvod 33555555

Поради планирана интервенција на екипите на АД МЕПСО за замена на проводници на 110 kV далекуводи на преносната мрежа на потегот Ресен – Охрид -– Струга, во четврток 12-ти ноември во периодот од 11 до 14 часот, можно е да има повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија, предупредуваат од ЕВН Македонија.

Во тој период снабдувањето со електрична енергија на корисниците од населените места на територијата на Општина Охрид и Општина Дебарца ќе се изведува преку алтернативните врски на оваа траса.

Ако има промени во оптоварувањата и зголемена потрошувачка, можни се кратки прекини на испораката на електрична енергија во споменатите три часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП