13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради зголемените трошоци, Французите се префрлаат на „онлајн“ банкарство

Поради зголемените трошоци, Французите се префрлаат на „онлајн“ банкарство

online-banking-advantages

Повеќе од 70 проценти од традиционалните банки го укинаа бесплатното одржување на тековните сметки на клиентите, а многу од нив најавуваат и зголемување на тарифите.

Тоа предизвика незадоволство кај корисниците, со што се отвора простор за експанзија на виртуелното банкарство, пишува „Фигаро“.

Француската банка „БНП“ им соопшти на клиентите дека услугата за одржување на сметките ќе започне да ги фактурира од 1-ви јануари 2016-та и тоа со 2,5 евра месечно, што е 30 евра годишно. Овој трошок нема да го плаќаат единствено клиентите помлади од 26 години и оние кои го поседуваат пакетот „Еспри либр“.

Поседувањето на сметка во банката „Сосиете женерал“ ќе чини 2 евра месечно, исто така од 1-ви јануари 2016-та година.

Здружението на француски корисници на банки (AFUB) смета дека тоа преставува еден вид „рекет“, бидејќи законот бара од потрошувачите да поседуваат банкарски сметки уште од 1977-ма година.

Од своја страна, Здружението на француски банки зголемувањето на банкарските тарифи го брани со фактот дека тие се секако пониски од инфлацијата.

Врз основа на истражувањето на порталот „Панорабанк“, просечните трошоци за одржување на банкарските сметки во 2015-та изнесуваат 21 евро и се поголеми за 22,8 oтсто во однос на 2014-та, кога забележаа раст од 14,2 проценти.

Според оценката на „AFUB“, ваквата ситуација ќе доведе до популаризација на „онлајн“ банките, а секој десетти Французин би можел да биде корисник на некоја таква финансиска институција.

На францускиот пазар петте виртуелни банки („Бурсорама“, „ИНГ Директ“, „Хело банк“, „БфорБанк“ и „Фортунео“) ги заземаат првите позиции на листата на најевтини банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП