4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЊу Менс Бизнис Акцелераторот модератор на панелот за едукација за претприемачи на...

Њу Менс Бизнис Акцелераторот модератор на панелот за едукација за претприемачи на Белградскиот Инвестициски Форум

12029651_432626823612457_7950067950944446719_o

Њу Менс Бизнис Акцелераторот ќе биде дел од најзначајниот форум за претприемништво во регионот – Белградскиот Инвестициски Форум – посветен на поддршка на инвестиции во иновативни компании и идеи, кој се случува од 12ти до 14ти ноември 2015 година, и на кој ќе учествуваат над 50тина говорници, над 70 инвеститори од Европа и Америка и над 500 стартапи и компании.

Форумот е во организација на Seven Venture Networks од Белград, а Њу Менс Бизнис Акцелераторот од Скопје се јавува во улога на партнер на настанот. Генералниот директор на акцелераторот Ирена Чаушевска во улога на модератор ќе го води и панелот “Едукација за претприемачи” чии учесници ќе бидат: Марко Чадез, Претседател на српската стопанска комора, Дане Штанглер, Заменик претседател за истражување и политика на Kauffman фондацијата, Ефка Хедер, Директор на Центарот за претприемачко учење на Југоисточна Европа, Александар Медедовиќ, Член на бордот за меѓународни економски односи на Турција и Софќе Јовановска, Советник на Извршниот борд при Стопанската комора на Македонија.

david-photo_0

Претприемачите присутни на настанот кои ќе го посетат штандот на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот ќе имаат и уникатна можност за време на паузите непосредно и во релаксирана атмосфера да се запознаат со Дејвид Голдсмит, консултант за комерцијализација на иновации на НАСА, соосвновач на 12 стартапи, корпоративен советник, иноватор, говорник и автор на бестселерот: “Paid to THINK: A Leader’s Toolkit for Redefining Your Future”, и да поразговараат за нивните стартап предизвици.

Screen Shot 2015-11-11 at 12.41.46

За време на Белградскиот Инвестициски Форум ќе се одржи и полуфиналето на стартап натпреварот со кој беа опфатени 300 стартапи од регионот во рамки на програмата “Pioneers of the Balkans” кои ќе се натпреваруваат за влез во финалето и освојување на главната награда од 200.000 евра или друга понуда за инвестиција од страна на присутните инвеститори и фондови. Дел од тимот на Акцелераторот се вклучува со свои претставници како членови на жирито на натпреварот, и тоа Ирена Чаушевска и Владимир Трајковиќ, а Менаџерот на Смарт-ап центарот на акцелераторот Ивица Пениќ е ангажиран како ментор во рамки на програмата пред се за поддршка на стартапите од Македонија и Косово, кои со заеднички автобус и со поддршка на акцлераторот ќе пристигнат утре во Белград.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП