7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТојота планира оваа година во САД да продаде 2,2 милиони автомобили

Тојота планира оваа година во САД да продаде 2,2 милиони автомобили

A

Јапонскиот производител на автомобили Тојота ја зголеми прогнозата за продажба на возила во САД за 50.000 во однос на јануари, па сега се проценува дека оваа година на тој пазар ќе се испорачаат 2,2 милиони автомобили.

Според таа проценката, американскиот пазар за автомобили оваа година ќе порасне за 5,5 проценти на 15,3 милиони автомобили.

Во февруари Тојота во САД продала 4,3 проценти повеќе возила во однос на истиот месец минатата година.

Продажбата на патнички автомобили во САД, во јануари и февруари, е зголемена за 8,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП