Властите во Швајцарија усвоија денес нови правила против перење пари во обид да го поправат имиџот на земјата која е прибежиште за скриена готовина.
Новите правила усвоени се по препорака која минатата година ја упати меѓудржавната Група за финансиска акција и се однесува на трговците кои примаат исплати во готовина поголеми од 100.000 швајцарски франци.
Со регулативата, исто така, се менува и начинот на регистрирање на верски фондации во Швајцарија.
Новите правила стапуваат на сила на почетокот на следната година, се наведува во соопштението на Федералниот совет.
Медиумите оваа година објавија доверливи документи кои покажаа дека Швајцарија била место во кое богатите лица можеле да ги кријат парите и да избегнуваат плаќање на данок во своите земји, односно била т.н. даночен рај.