17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдливот на капитал од Русија достигна 50,2 млрд долари

Одливот на капитал од Русија достигна 50,2 млрд долари

dolari-ilustracija

Одливот на капитал од Русија за првите 10 месеци од оваа година достигна 50,2 милијарди долари, што е двојно помалку отколку во истиот период минатата година (105,3) милијарди долари, соопшти Банката на Русија.

Најголем дел од капиталот излегол од земјата во првата половина од годината, во екот на плаќањето на странските долгови, пренесува Тас.

Според прогнозите на Банката на Русија, одливот на капитал од Русија оваа година ќе биде нешто повеќе од 70 милијарди долари.

Позитивното салдо на тековните сметки на Русија во првите 10 месеци од 2015 година изнесувало 54,8 милијарди долари, се наведува во извештајот на Централната банка. Тоа е за 13,7 проценти повеќе од показателите за истиот период во 2014 година (48,2 милијарди доалри).

Пребрзувањето на индикаторите за минатата година Централната банка го објаснува со намалувањето на тековната сметка која традиционално се поврзува со дефицитот поради значајното намалување на трговскиот биланс под влијание на падот на цените на енергентите.

Според прогнозата на Банката на Русија, суфицитот на тековната сметка оваа година ќе изнесува 73 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП