2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGoldman Sachs предупредува за ликвидноста кај обврзниците

Goldman Sachs предупредува за ликвидноста кај обврзниците

oblikacii 3305

Американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ изрази сериозна загриженост за пазарот на обврзници. Во писмо до своите клиенти од банката предупредија за намалување на ликвидноста на пазарот, а како причина за тоа наведуваат неколку фактори.

Според извештајот на банката за прв пат од почетокот на статистиката за достапните резерви од високо квалитетни обврзници на дилерите, ова количество е со негативна вредност. Во случајот станува збор за обврзници на компании како „Apple“, кои според пазарните експерти е најмалку да се откажат од плаќање на долгот. Под негативен биланс од „Goldman“ се подрабира негативната разлика помеѓу затворените долгорочни висококвалитетни обврзници и оние со рок на достасување до една година.

Според американската инвестициска банка овој тренд нема да се промени во блиска иднина. Како главна причина за трендот од „Goldman“ ги посочуваат високите трошоци за „хеџинг“ при држењето на слични обврзници.

Во услови на коментари од страна на ФЕД за зголемување на каматите, на пазарот на обврзници постои загриженост за сценариото „што ќе се случи кога ќе се зголемат каматите и сите одеднаш ќе побараат да излезат од корпоративни обврзници?“. Овој начин на размислување доведува до сериозно намалување на ликвидноста на трговијата со овој вид обврзници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП