18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 сигнали дека работата нема да биде добра

5 сигнали дека работата нема да биде добра

Portrait Of Female Woman Sitting At Interview

Иако кога барате работа најважно ви се чини дека е само да најдете работа, сепак важно е и дали таа работа е добра. Нормално дека секој има различни критериуми за добра работа, но ова се некои од назнаките кога морате да бидете внимателни.

1. На разговорот за работа ви поставуваат чудни прашања – доколку на интервјуто ви поставуваат чудни прашања или користат непримерен речник, тоа е знак дека нешто не е во ред.

2. Никој не ви изгледа задоволен што работи таму – не можете да му верувате на секого, но ако општиот став гласи дека компанијата е лоша тогаш не се вработувајте таму.

3. Слушате лоши работи за компанијата или вработените – ако негативните работи или трачевите излегуваат надвор од работата и стануваат јавни, сигурно нешто во таа компанија не е во ред.

4. Вашата позиција нема точен назив или опис на работата – ако не знаат да ви кажат што точно ќе работите, бидете внимателни, тоа најверојатно води до ситуацијата дека се ќе работите.

5. Интуицијата ви вели дека нешто не е добро – ако интуицијата ви говори дека тоа не е работно место за вас добро размислете пред да се вработите таму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП