25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенците први со лиценца за претворање на биткоин во евра

Словенците први со лиценца за претворање на биткоин во евра

profimedia-0257880196 bit_400x0

Словенечката стартап компанија „Cashila“ прва во светот доби банкарска лиценца за конверзија на дигиталната валута биткоин во евра. Со помош на биткоинот, „Cashila“ има намера да воведе конкуренција на SWIFT системот.

Најголем дел од парите во светот постојат само во електронска форма на банкарските сметки, а готовината сочинува само неколку проценти. Финансиските текови во овој случај би можеле да патуваат многу брзо, наведуваат од компанијата.

Објаснуваат дека се случува физички поштенски пакет од Љубљана до Истанбул да стигне побрзо отколку трансфер од словенечка банкарска сметка во Турција. Меѓу нив е глобалниот систем SWIFT, задолжен за меѓубанкарски финансиски комуникации, различното работнo време на институциите, различни методи за проверка на идентитетoт и спречувањe на перење пари, како и поврзани трошоци.

Двајцата Словенци, Тим Митја Жагар и Јани Ваљавец, велат дека пронашле начин значително да се намалат трошоците на меѓународните дознаки, како и траењето, со помош на дигиталната валута биткоин.

Услугата сеуште се развива, но за сега останува фактот дека нивната компанија „Cashila“ во моментов е единствената во светот со лиценца за обавување на банкарски трансакции преку биткоин за подрачјето SEPA.

Лиценцата ја издаде чешката Централна банка и се однесува на 28 земји во ЕУ, како и за Исланд, Лиштенштајн, Норвешка, Швајцарија, Монако и Сан Марино.

Услугата, како што наведуваат, е корисна и за државјаните на трети земји, кои се далечни (т.н надвор од Европа), и работат за европски компании и сакаат заработката да ја добијат што поскоро во својата земја. Клиентите исплатата ја испраќаат на корисничката адреса кај „Cashila“, а потоа примателот во матичната земја виртуелните пари ги менува во локалната валута.

Долгорочната визија вклучува и филијали на „Cashila“ во неевропските земји и партнерските компании, при што Словенците првата таква канцеларија ја најавуваат во Јужна Кореја, а потоа и во некои африкански земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП