9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКористењето на јавниот транспорт е добро за здравјето

Користењето на јавниот транспорт е добро за здравјето

bus_pic

Користењето на јавниот транспорт за одење на работа не е само добро за природната околина, туку и во борбата против кардиоваскуларните заболување, дебелината и дијабетесот, и е пополезно од пешачењето или користењето велосипед, се тврди во едно јапонско претставување кое беше претставено на годишната конференција на Американското друштво за срцеви болести (AHA).

Јапонците во својата студија ги споредувале луѓето коишто оделе на работа со јавниот превоз, автобус или подземна железница, со автомобил, велосипед и оние кои одат пеш до своите канцеларии, земајќи ги исто така предвид и другите фактори, вклучително и возраста, полот и пушачкиот статус.

Во однос на возачите, корисниците на јавниот транспорт имале за 44 отсто помалку шанси да бидат предебели, 27 отсто помалку изгледи да патат од зголемен крвен притисок и 34 отсто помалку шанси да развијат дијабетес.

Меѓутоа, она што е најинтересно е тоа што користењето на јавниот транспорт, кога станува збор за високиот крвен притисок или дијабетесот, се покажало покорисно за здравјето отколку одењето пеш или со велосипед. Стручњаците тоа го објаснуваат со фактот дека во Јапонија работниците, доколку до работното место им се потребни повеќе од 20 минути пеш или со велосипед, во голем број попрво се решаваат да користат градски или приградски превоз.

Истакнуваат, исто така, дека е невозможно да се утврди дали користењето на јавниот транспорт е тоа коешто влијаело на подобриот здравствен статус на испитаниците или корисниците на јавниот сообраќај веќе претходно биле поздрави од другите испитаници опфатени со истражувањето . Во него учествувале 5.098 луѓе, со просечна возраст меѓу 40 и 54 години.

Фактор на ограничувањето на оваа студија, додаваат од AHA, претставува фактот дека Јапонците во помала мера се погодени од прекумерната телесна тежина од Американците, како и дека физичката активности би можела да биде поефикасна во намалувањето на стапката на дијабетес меѓу јапонската популација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП