3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗасадени 40 листопадни дрвја во дворот на СУГС „Браќа Миладиновци“

Засадени 40 листопадни дрвја во дворот на СУГС „Браќа Миладиновци“

drvari 33

Во рамките на есенската акција на Градот Скопје за садење 500 садници во дворовите на средните училишта, денеска во училишниот двор на СУГС „Браќа Миладиновци“ се засадени 40 листопадни дрвја, од кои 20 се каталпи, 15 црвени сливи и пет брези.

Промотивни садења на дрвја ќе има во сите 22 средни училишта на Град Скопје, а бројот на засадените садници ќе зависи од големината на нивниот училишен двор.

Во есенската акција на Градот Скопје за садење дрвја на територијата на градот ќе бидат засадени  вкупно 7.500 садници, од кои 5.000 садници по булеварите и во јавните зелени површини на општините, 500 садници во дворовите на сите средни училишта, а 2.000 ќе им бидат доделени на сите заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП