17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСлика на Модиљани продадена за 170 милиони долари

Слика на Модиљани продадена за 170 милиони долари

modiljani 33

Слика на Амадео Модиљани е продадена за 170 милиони американски долари на непознат купувач од Кина, со што ја постави втората по големина цена платена за уметничко дело кога и да е платена со наддавање, соопшти акциската куќа Christie’s.

Актот на платно со наслов „Nu couche“ создадено во 1917/18 година, ја постигна втората највисока цена по „Жените на Алжир“ на Пабло Пикасо, дело кое беше продадено за 179 милиони долари во мај годинава, исто така на наддавање во Christie’s.

Во наддавањето за сликата на Модиљани учествувале неколку колекционери кои почнале од цената од 75 милиони долари, и во секој круг растела за по пет милиони долари. Платното пред продажбата беше дел од приватна колекција цели 60 години.

Аукциската куќа пред наддавањето очекуваше дека сликата ќе достигне цена до 100 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП