Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ЕК: Условена препорака за Македонија, напредокот зависи од пржинскиот Договор

Време: 13:52

Датум: ноември 10, 2015

Категорија: ЕКОНОМИЈА

ekevropskakomisija298

Европската комисија (ЕК) смета дека напредокот на Македонија кон ЕУ се наоѓа на критична точка и земајќи го предвид напредокот кој беше направен досега во имплементацијата на Договорот од јуни и јули годинава, Комисијата ќе препорача земјата да ги отвори пореговорите за членство, се вели во соопштението објавено од ЕК по повод извештајот од оваа европска институција.

Препораката ќе биде условена со имплементацијата на Пржинскиот договор и остварливиот напредок во имплементацијата на итните реформски приоритети, а сево ова ќе биде разгледано по изборите, додаваат од Комисијата.

Во својот извештај Комисијата, исто така, потенцира дека меѓуетничките односи остануваат кревки, и дека случувањата во изминатата година го покажале значењето на проактивните мерки кои треба да се преземат за да се решат овие прашања, истовремено градејќи поголема доверба меѓу заедниците и комплетирање на Охридскиот рамковен договор.

Од ЕК се осврнуваат и на спорот со името, порачувајќи дека одржувањето на добрососедските односи и изнаоѓањето на решение за проблемот со името остануваат од најголемо значење.

Во поглед на економскиот критериум, ЕК смета дека Македонија е на добро ниво во развивањето на функционална пазарна економија и дека стабилното макроекономско опкружување и солидната монетарна политика се од корист за земјата. Сепак, од Комисијата, исто така, ја потенцираат и високата стапка на невработеност, односно 28 проценти и порачуваат дека средствата од Буџетот треба да се насочат кон растот и вработувањата.

Во однос на правото и правната рамка, од ЕК сметаат дека земјата има релативното добро усогласување со европското законодавство, и дека фокусот сега треба да биде ставен на административните капацитети и ефикасната имплементација. Во повеќето области земјата е средно подготвена, вклучувајќи ги тука областите на јавните набавки, статистиката и финансиската контрола. Од Комисијата додаваат дека потребни се дополнителни напори во оние области каде земјата е во раната фаза на подготовки, како што се слободата на движењето на работниците и климатските промени.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Американската компанија „Теламон“ ќе инвестира во Македонија

    Американската компанија „Теламон“ ќе инвестира во Македонија

    Американската компанија „Теламон“ ќе вложи четири милиони евра во капацитет во Македонија во кој според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во…

  • Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне појава на дожд и грмежи

    Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне појава на дожд и грмежи

    Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно во југозападните делови ќе има локална појава на краткотраен пороен…

  • Институтот Ifo остро ја намали прогнозата за раст на германската економија

    Институтот Ifo остро ја намали прогнозата за раст на германската економија

    Германскиот институт „Ifo“ е најновиот, кој ги намали драстично своите предвидувања за растот на најголемата европска економија во оваа и следната година, повикувајќи се на…

  • Логистичките центри во Европа продолжуваат да растат

    Логистичките центри во Европа продолжуваат да растат

    Индустриските и логистичките имоти се европскиот најпродаван сектор за недвижнини во првиот квартал од 2018-та година, со раст од 21 отсто на 7,6 милијарди долари,…

  • Николовски: Со окрупнување на земјоделското земјиште до поконкурентно производство

    Николовски: Со окрупнување на земјоделското земјиште до поконкурентно производство

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска ја отвори десеттата по ред интернационална работилница ЛЕНДНЕТ, која оваа година се фокусира на најдобрите легислативни…

  • Заев се сретна со извршната директорка на УНОПС: Да го искористиме моментот за проекти за подобар живот на граѓаните

    Заев се сретна со извршната директорка на УНОПС: Да го искористиме моментот за проекти за подобар живот на граѓаните

    Премиерот Заев денеска се сретна со делегација на Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (УНОПС), предводена од заменичката на генералниот секретар на ОН…

  • Половина плата оди на храна – како да се заштеди?

    Половина плата оди на храна – како да се заштеди?

    Околу половина просечна плата е потребна само да се наполни фрижидерот со основните прехранбени продукти. Во услови кога цените растат побргу од приходите штедењето станува…

  • Експертите очекуваат биткоинот да падне под 6.000 долари

    Експертите очекуваат биткоинот да падне под 6.000 долари

    Вредноста на најпопуларната криптовалута биткоин (BTC) оваа недела најверојатно ќе продолжи да се намалува и за прв пат од ноември 2017-та година ќе падне под…

  • Се уште не се знае колку дополнително ќе чини автопатот Кичево-Охрид

    Се уште не се знае колку дополнително ќе чини автопатот Кичево-Охрид

    Се уште не се знае колку дополнително ќе чини изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Во моментот се преговара за дополнителните активности кои не биле…

  • До крајот на месецов завршува инсталацијата за електронска наплата на патарините

    До крајот на месецов завршува инсталацијата за електронска наплата на патарините

    До крајот на месецов се очекува да заврши инсталирањето на електронскиот систем за наплата на патарините, најави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта…