15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако ЕУ потрошила повеќе од 6 милијарди евра?

Како ЕУ потрошила повеќе од 6 милијарди евра?

1

Европската унија потрошила 6,3 милијарди евра во 2014-та година, соопшти Европскиот ревизорски суд.

Судот истовремено ги повикува властите во Брисел својот огромен буџет да го прилагодаат посериозно на „шоковите“, како што е мигрантската криза.

Овој европски орган, надлежен за контрола на приходите и расходите во институциите во ЕУ, се заложи за „формирање на целосно нов пристап“, според начинот на кој европскиот блок ги користи своите финансиски средства, а се со цел да се овозможат поголеми флексибилности и ослободувања на непотрошените средства, таму каде што се потребни.

Најмногу средства се потрошени на недоволно користените и целосно некористените аеродроми, од кои само половина биле вредни да добиваат средства од европските фондови, како и на исплата на помош за земјоделско земјиште во Шпанија, кое всушност се користи како патека за мотоциклистички трки, се наведува во извештајот.

„Повикуваме за формирање на целосно нов пристап“, изјави претседателот на судот, Виктор Калдеира, и додаде дека овој извештај е направен „во особено тешки времиња“, кога ЕУ е соочена со големи предизвици, како што е проблемот со отворање на нови работни места и поттикнување на економскиот раст, или справување со најголемата мигрантска криза во Европа по Втората светска војна.

„Креаторите на политиката мораат подобро да го усогласат буџетот со долгорочните стратешки приоритети на ЕУ, со цел да може да се одговори на кризата“, се наведува во извештајот на судот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП