6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗоран Милковски е назначен за нов Генерален директор на Гранит, Страшо Милковски...

Зоран Милковски е назначен за нов Генерален директор на Гранит, Страшо Милковски останува Претседател на Управен одбор

gta

Наследник на долгогодишниот директор на градежното претпријатие Гранит, Страшо Милковски е неговиот син Зоран Милковски.

По 21 година, Страшо Милковски се повлекува од директорското место и ќе биде претседател на управниот одбор на компанијата.

Новоназначениот директор, Зоран Милковски и неговата сестра Ивана Милковска се најголемите акционери во компанијата со 8,23 отсто и 8,40 отсто. Трет по големина е НЛБ Нов пензиски фонд со сопственост од 6,46 отсто од акциите, додека фондот Истинвестор ЛТД поседува 5,46 отсто од акциите на компанијата. Останатите акционери поседуваат помалку од 5 отсто од акциите.

Компанијата Гранит е најголемата градежна компанија во Македонија. Има значаен удел во проектите во државата, но е и застапен и во голем број на странски проекти.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП