29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКатанец на 450 продавници на Mango

Катанец на 450 продавници на Mango

Australian model Miranda Kerr new tv comercial for spring collection by Mango. DJ / Target Press - 27/02/2013 *Hands out pics* Australian model Miranda Kerr new tv comercial for spring collection by Mango. DJ / Target Press - 27/02/2013 *Hands out pics*

Шпанскиот дистрибутер на облека „Mango“ на почетокот на наредната година ќе затвори 450 продажни објекти на пазарот во САД, по истекувањето на петгодишниот договор со продажниот ланец „ J.C.Penney“, соопшти оваа компанија.

Компанијата ќе задржи седум продавници во САД, и тоа во Њујорк и Мајами, а понатамошниот развој на тој пазар ќе се концентрира на големите градови.

Затворањето на споменатите бутици, како што се наведува, нема да има значителен финансиски ефект на приходите од продажбата, бидејќи тие во вкупната продажба придонесуваат со само 0,5 проценти.

„Mango“ е во сопственост на семејство кое е и основач на компанијата, а присутен е во повеќе од 100 земји ширум светот. Минатата година оствари приходи од близу две милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП