26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи паднаа на најниско ниво за еден месец, курсот на доларот...

Азиските берзи паднаа на најниско ниво за еден месец, курсот на доларот висок

berza azija

На азиските берзи во вторникот цените на акциите паднаа на најниското ниво во еден месец, бидејќи вложувачите не се наклонети на поризични инвестиции поради можното зголемување на каматите во САД.

На токиската берза во претпладневното тргување во вторникот индексот Nikkei беше во плус од 0,1 отсто, додека цените на акциите во Сингапур, Шангај, Хонгконг, Јужна Кореја и Австралија паднаа меѓу 0,3 и 1,6 отсто. Така, MSCI индексот на азиско-пацифичките акции без јапонските беше во негатива од 1 отсто, потонувајќи на најниското ниво во последните месец дена.

„Откако минатиот месец цените на акциите прилично се закрепнаа, тој залет засега е сопрен бидејќи пазарите се обидуваат во цените да ги вградат зголемувањата на каматите на американската централна банка (Federal Reserve – Fed) во декември“, вели во анкетата на Reuters Тајеру Огихара, стратег во компанијата „Mizuho Trust Securities“.

Откако во петокот беа објавени значително подобрите резултати од пазарот на трудот во САД, поверојатно е дека Fed во декември, првпат од 2006-та година, ќе ги зголеми клучните каматни стапки. Движењето на американските термински камати покажува дека трговците сметаат дека постојат 70 отсто шанси дека Fed веќе во декември ќе ги зголеми каматите.

Во Шангај на почетокот од тргувањето во вторникот цените на акциите благо пораснаа, бидејќи инвеститорите се надеваат на нови мерки за поттикнување, имајќи предвид дека низата последни извештаи од Кина покажуваат на натамошно забавување на растот на втората според обемот светска економија. Но подоцна цените паднаа. Откако во текот на викендот беше објавено дека паднале извозот и увозот, во вторникот беше објавено дека инфлацијата во Кина се лизнала повеќе отколку што е очекуваше, што укажува на тоа дека на кинеската економија и натаму ѝ се закануваат дефлаторните притисоци.

А во атмосфера на очекување на зголемувањето на каматите во САД, на валутните пазари курсот на американскиот долар е силен. Во вторникот претпладнето индексот на американската валута кон кошничката шест најзначајни валути на земјите најголеми трговски партнери на САД, се движи околу 98,99 поени, во близина на најголемото ниво во последните седум месеци од 99,34 поени.

Притоа во однос на јапонската валута доларот се движи околу 123,15 јени, откако во понеделникот достигна до 123,60 јени, што е највисокото ниво во последните два ипол месеца. Еврото, пак, благо зајакна кон доларот, па неговата цена се оддалечи од најниското ниво во повеќе од шест месеци од 1,.0704 долари, на којашто се симна во петокот. Во вторникот претпладне се движи околу 1,0755 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП