4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија бележи раст на невработеноста

Швајцарија бележи раст на невработеноста

shvajcarija

Стапката на невработеност во Швајцарија во месец октомври изнесувала 3,3 проценти од работоспособното население, штo е за 0,1 процентен поен повеќе отколку во претходниот месец.

Бројот на регистрирани невработени во октомври се искачи на 141,269, соопшти Државниот секретаријат за економија (SECO), пренесува швајцарскиот весник „20 минути“.

Тоа претставува зголемување за 3.043 лица во однос на септември, додека во споредба со октомври 2014 година бројот на кандидати за работа скокнал за 6,7 проценти, односно за 8,872 лица.

Невработеноста меѓу младите (15-24 години) во извештајниот месец била во пад, и тоа за 3,9 проценти, на 808 лица, додека на годишно ниво сепак е зголемена по стапка од 5,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП