19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на Волстрит поради слабостите на Кина и можното зголемување на каматите

Пад на Волстрит поради слабостите на Кина и можното зголемување на каматите

pad-berzite

На Волстрит во понеделникот берзанските индекси паднаа за околу еден отсто, што е нивен најголем дневен пад во последните шест седмици, бидејќи поради слабостите на Кина и можното зголемување на каматите во САД спласна наклонетоста на поризични вложувања.

Индексот Dow Jones се лизна за 1 отсто, на 17.730 поени а индексот S&P 500 ослаби за 0,98 проценти, на 2.078 поени, додека индексот Nasdaq падна за 1,01 отсто, на 5.095 индексни поени.

Девет од десетте сектори на индексот S&P 500 во понеделникот загубија на вредноста, а најмногу паднаа цените на акциите на производителите на стоки за широка потрошувачка и на енергетските компании. Притоа индексот Dow Jones повторно нурна во негативната област во однос на почетокот на годинава, за околу 0,5 отсто, додека S&P 500 и натаму е во добивка за околу 1 отсто.

Падот на цените на акциите е последица на несигурноста на инвеститорите бидејќи во декември американската централна банка може да ги зголеми каматните стапки, првпат од 2006 година. Најголемата светска економија стабилно расте, што во петокот го потврдија и значително подобрите отколку што се очекуваше податоци од пазарот на трудот, па е сé поизвесно дека банката следните месец ќе ја зголеми цената на парите.

Вложувачите на претпазливост ги наведоа и новите податоци кои укажуваат на забавување на втората според обемот светска економија. Во октомври паднаа и извозот и увозот во Кина, што укажува на слабоста на меѓународната, но и на домашната побарувачка. Притоа извозот падна четврти месец по ред, што потврдува дека растот на кинеската економија и натаму забавува. Тоа, пак, предизвика пад на цените на нафтата и на другите суровини, имајќи предвид дека Кина е најголемиот светски потрошувач на суровини.

Ниту кварталните деловни резултати на компаниите во понеделникот не ги одушевија инвеститорите. Досега околу 88 отсто од компании од САД од состав на индексот S&P 500 известија за кварталните резултати, при што забележале пад на добивката за 0,9 отсто во однос на истото ланско тримесечје. Тоа е помал пад на добивката во однос на 4,2 отсто, колку што се очекуваше на почетокот од сезоната на објавување на деловните извештаи, но прв пад на заработките во последните шест години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП